Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Отворена телефонска линија 078/378-754 за психолошка поддршка на повредените и семејствата на жртвите од пожарот во Кочани

Отворена е телефонска линија 078/378-754 за психолошка поддршка на повредените во пожарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворена е телефонска линија 078/378-754 за психолошка поддршка на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и за семејствата на загинатите. Во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица на возраст од 14 до 25 години, претежно од Кочани и околината.

Во моментот, 84 лица се хоспитализирани во Македонија, додека 51 пациент ќе бидат транспортирани на лекување во странство, што значи вкупно 135 повредени. Меѓу хоспитализираните се и седум малолетници.

Министерството за здравство информира дека во координација со Психијатриската болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите.

Реклама

„Како дел од оваа иницијатива, ќе биде ангажиран мобилен тим од двајца лекари и еден психолог во Кочани, со цел да се обезбеди навремена и соодветна психолошка помош на граѓаните“, соопшти Министерството за здравство.

Министерот Таравари апелира до сите кои биле во дискотеката во моментот на пожарот да се обратат кај своите матични лекари за консултација и евентуално понатамошно лекување.