Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Здравство

Oпасност од епидемија на мали сипаници – опфатот со МРП вакцината е критично низок

Оправдани се стравувањата дека нова епидемија од мали сипаници  ни тропа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оправдани се стравувањата дека нова епидемија од мали сипаници  ни тропа на врата. Лекарите препупредуваат дека опфатот со вакцинација кој го имаме во моментов е многу низок. Велат ако не се достигнат потребните 95 проценти многу лесно може она што се случува во соседствто да се прелее и кај нас.  Вакцинацијата е најдобрата заштита посебно за најмалите.

  • Епидемијата очекувано и предвидливо е да се појави и кај нас поради нискиот опфат на самата вакцинација со вакцината за морбили.  Сакам да напомнам дека ние поради вкупниот опфат кој што изнесува 62 проценти а треба да изнесува за да имаме добар бедем и заштита да не настане епидемија 95 проценти тоа е многу малку за да стигнеме до конечна заштита и да ја избегнеме сериозната опасност од појава на епидемија“ вели во изјава за Алфа др. Соња Ралева-спец. по општа медицина ЈЗУ ,, Бит Пазар’’.

Болеста  многу брзо и лесно се шири затоа лекарите апелираат до родителите кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца да не стравуваат за  квалитетот на вакцините. Имунизацијата со МРП е безбедна и се користи во последните 50 години. Дава повисок имунитет отколку прележана болест.

  • „Сведоци сме на состојби и интензивни опаѓања на на статистиките на вакцинација во последните неколку децении. Посебно од Ковид епидемијата навака, поради преполни социјални мрежи од неточни информации и дезинформации кои што ги збунуваат родителите“ вели Др. Соња Ралева- спец, по општа медицина.

Лекарите додаваат  да не се доведеме во состојба да се соочиме со болести кои предизвикуваат сериозни компликации по здравјето на нашите деца. Алармот   се  запали  откако бројот на заразени од морбили рапидно расте во Бугарија и Косово. Инаку, малите сипаници се опасна болест која може да заврши и со смртни последици. Под најголем ризик се децата помали од 5 години, луѓето со слаб имунитет, трудниците, и  невакцинираните.  Болеста започнува со појава на висока телесна температура која се качува и над 40 степени, главоболка, треска, секрет од нос, и црвенило во очи. Последната епидемија на морбили во Македонија беше во 2019  година со вкупно  2177  случаи   на заболени, од кои  4 завршија со смртен исход.