Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Нови инвестиции во Кочани

Кочани е меѓу најголемите приоритети на Владата. Во градот се реализираат инфраструктурни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кочани е меѓу најголемите приоритети на Владата. Во градот се реализираат инфраструктурни проекти и капитални инвестиции во вредност од 5,5 милиони евра, кои треба да донесат нови булевари, мостови и подобра водоводна инфраструктура. Проектите се дел од стратегијата за модернизација на градот и подобрување на условите за живот, особено по трагедијата што се случи во дискотеката Пулс.

„Почнуваме со реализација на влезниот булевар, кој е со проценета вредност од околу 2 милиони евра. Ќе биде готов за година и половина. Мост на Кочанска река, со вредност од околу 350.000 евра и она што долго време се очекуваше, проект којшто е започнат уште во 2013, а тоа е довршување на водоводот со изградба на потиснат цевковод којшто треба да овозможи чиста вода за пиење за поголем дел од градот, во вредност од околу 1.100.000 евра“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

Се реализираат уште три проекти со заем од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски. Градоначалникот на Кочани најави и проекти со кои значително треба да се промени ликот на градот. Во план е изградба на катна гаража, трговска зона, дом за стари лица, спортска сала, типски куќи за социјално ранливи категории граѓани, како и затворен базен.

Реклама

„Веќе ни е речиси готов проектот за затворен базен, кој и те како му е неопходен на градот. Говориме за еден сериозен проект каде би добиле олимписки базен… Во Кочани работиме максимално. Се трудиме да оставиме максимален белег по сето она што се случи“, изјави градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

При денешната посета на Кочани, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека проектирањето на делницата од Кочани до Виница е завршено и таа ќе се гради со сопствени средства, додека паралелно се бара финансирање за продолжението на трасата од Виница до Делчево. Тој посочи дека ќе се санира и доводниот цевковод за гетермална вода во Кочани, откако при теренска проверка биле утврдени повеќе оштетувања. Општествено одговорна компанија се обврзала да ги замени оштетените цевки и да постави нова термичка изолација на неколку места, без финансиски надоместок.