Реклама

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Економија

Николоски: Одлича вест за македонските трансортери, Хрватска усвои закон за добивање долгорочни визи

Превозниците очекуваат дека за петнаесеттина дена македонските возачи ќе можат да почнат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Превозниците очекуваат дека за петнаесеттина дена македонските возачи ќе можат да почнат да аплицираат за доглорочни визи за возење низ земјите од ЕУ кои ќе ни ги додели Хрватска. Според Биљана Муратовска од МАКАМ, по изгласувањето на законот во Хрватска, околу две недели се потребни за да се подготви процесот за добивање на истите. Одлуката Хрватското Собрание ја донесе откако Вицепремиерот Александар Николоски водеше долги преговори со хрватскиот колега на оваа тема.  И официјално, македонските професионални возачи од Хрватска ќе добијат долгорочна виза за престој во Европската Унија, откако тамошното собрание го усвои законот, пренесе Вицепермиерот и министер за Транспорт Александар Николоски.  Новата регулатива доаѓа како директен одговор на предизвиците со кои се соочуваат возачите при влез во европските земји, а е реализација на договорот што го направја Николоски и хрватскиот Вицепремиер и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава.

„Фактот дека веќе измените се донесени, е позитивен и значи дека голем број на возачи веќе при воспоставување комуникација со амбасадата и одредување на протоколот што треба и какви документи треба да се доставуваат има можност да се добијат хрватски визи за слободно да се влегува во шенген зоната. Ова е прв чекор и сметаме дека и другите држави со кои што се преговара, како што е Романија, Австрија, Германија, Бугарија, Грција дека ќе го следат нивниот пример и ќе може конечно да имаме полесно вршење на основната дејност“ за Телевизија Алфа изјави, Биљана Муратовска, генерален секретар на МАКАМ

Покрај Хрватска вакви визи издава и Швајцарија, а Николоски очекува тој пример да го следат и другите европски држави, бидејќи ова е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната.