Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Николоски: Изведувачот на автопатот Прилеп – Битола вети дека следната пролет ќе се вози на првите километри

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива одлично и од изведувачот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола се одвива одлично и од изведувачот добив ветување дека следната пролет ќе се вози на првите километри, како и дека пролетта  2029 година, пред рокот, ќе имаме целосно автопатско решение од Прилеп до Битола – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Аександар Николоски пред средбата со регоналните стопански комори од Битола и Прилеп. 

Николоски најави дека со „МЖ Инфаструктура“ и „МЖ Транспорт“ се работи во јуни гоинава да биде пуштен меѓуградски воз на релацијата Прилеп – Битола – Жабени со промотивна цена од 150 денари за повратен билет. – Се работи и на проектирање обиколница на Прилеп, во сериозна фаза е проектот за парно во Битола, како и активностите за гасификацијата помеѓу Прилеп и Битола – рече Николоски.  

Пред средбата со стопанствениците Николоски изврши увид во работите на терен за изградбата на автопатот  Прилеп – Битола и, како што посочи, сите предизвици што се појавуваат на трасата на автопатот се надминуваат со добра координација на институциите и изведувачот. Интензивно се работи на 22 километри пробиена траса од вкупно 40 километри или на 55 проценти од вкупно предвидената траса. 

Реклама

Според Николоски, изградбата се реализира во согласност со динамичкиот план, покрај земјените работи, на трасата се работи на 2 моста, 2 потпатника, 1 натпатник и 1 клучка. Во завршна фаза се работите на потпатникот кај населеното место Алинци, потпатникот под регионалниот пат R1101 и натпатникот кај село Ново Лагово. Исто така, забрзани градежни активности има и кај населените места Тополчани и Вашарејца.

– Во овој момент, според диманичкиот план и оперативните потреби, на терен се работи со над 75 машини и механизација. Во однос на експропријацијата, беше истакнато дека од вкупно 1.263 предмети, досега решени се 1.204, а во постапка се уште 59 предмети, што беше заклучено дека експропријацијата се реализира забрзано – вели Николоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: