Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Најново на КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО: „Нова надеж за жените со стресна инконтиненција,“

Во интерес на јавното здравје на целата женска популација, Универзитетската Клиника за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во интерес на јавното здравје на целата женска популација, Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство го воведува Tension-Free Vaginal Tape (TVT) и Transobturator Tape (TOT) – напредни минимално инвазивни хируршки методи за третман на неволно испуштање на урина, со што се отвора ново поглавје во грижата за женското здравје во Македонија.

Што е стресна уринарна инконтиненција?

Неволното испуштање на урина (уринарна стрес инконтиненција) е се почест проблем со кој се соочува современата жена.

Реклама

По иницијатива на Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на клиниката, повторно е отпочната интервенцијата која ќе и го отстрани проблемот на секоја една пациентка која се соочува со оваа проблематика.

Во рамки на билатералната соработка помеѓу Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје и Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Љубљана, Словенија, нашите доктори Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев и Ас. Др. Боривоје Павловски, за време на нивниот престој во Словенија, имаа можност да се усовршуваат за најсовремените пристапи за третман на неволното испуштање на урина.

Како продолжување на оваа соработка, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје беше организирана стручна работилница, предводена од еден од водечките европски едукатори за минимално инвазивна хирургија, терапија и третман на урогинекологија, Проф. Д-р Мија Благање од Љубљана.

За време на оваа обука, беа демонстрирани двете техники за минимално инвазивен третман, а успешно беа изведени и повеќе TVT и TOT процедури.