Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Здравство

На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор

На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12-годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење шраф. По повторна појава на деформитетот, се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција, информираат денеска од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека пациентот бил испишан во гипсена имобилизација и по шест недели ќе започне со процес на рехабилитација.

-Оперативната интервенција ја изведе проф.д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиологот Јадранка Зафировска со анестетичарот Златка Апостолова, инструментарката Билјана Тројановиќ и помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз. Сакам да изразам благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, се наведува во писмената изјава на доктор Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Реклама

Во изјавата на Кузмановска се додава дека нивната цел е зголемување на свеста за органодарителство, „како највисока и најблагородна форма на хуманизам, што е возможна само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите“.