Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Здравство

Муцунски: 51 пациент од повредените во пожарот во Кочани испратен на лекување во странство, а ќе бидат испратени уште дваесетина нови пациенти

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, информираше дека 51 повреден пациент од…

Сподели:

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, информираше дека 51 повреден пациент од пожарот во Кочани бил испратен на лекување во странство, благодарение на координираните напори на кризниот штаб. Во следните денови, дополнително 20 лица ќе бидат транспортирани во болници во Австрија, Словенија, Хрватска, Норвешка и Унгарија.

Муцунски истакна дека лично контактирал со министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Холандија, Косово, Малта, Унгарија, Израел, Албанија, БиХ и Словенија, како и со Ричард Гренел, претставник на администрацијата на САД. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, исто така се консултирал со светски државници, вклучително и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Во сите овие разговори, нашите пријатели изразија сочувство и понудија помош, вклучувајќи материјално-технички средства, човечки ресурси и медицинска нега“, рече Муцунски.

Реклама

По интензивните напори, првите пациенти беа транспортирани во странство за само 12 часа, а во моментов, 51 пациент се наоѓа во странски болници: девет во Турција, 14 во Бугарија, четворица во Грција, 17 во Србија, четворица во Литванија, и два пациенти во Унгарија.

Министерот најави дека денеска ќе бидат испратени нови пациенти: шест во Австрија, четири во Словенија, четири во Хрватска, и уште четворица во Норвешка и Унгарија. Тој додаде дека медицински тимови од Чешка, Израел и Белград пристигнуваат за да помогнат на местото.

„Во секоја земја каде што се испратени пациентите, има одредени контакт лица на МНРРТ, достапни 24/7 за родителите и пациентите“, рече Муцунски.

Министерството ќе понуди финансиска поддршка за патни трошоци на семејствата на пациентите, а за помош се активирани и механизми за цивилна заштита од ЕУ.

„Изразувам искрена благодарност до сите земји кои одговорија на нашиот апел. Солидарноста во вакви моменти е потврда на пријателството и сојузништвото што нашата држава го има со многу земји“, додаде Муцунски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој предизвика големи трагедии, резултираше со смртта на 59 млади луѓе, а повеќе од 150 лица се повредени, кои сега добиваат помош во земјата и странство.