Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Мицкоски: Правиме сѐ што е во наша моќ за да спасиме повеќе човечки животи

Премиерот упати искрена благодарност до лекарите и медицинските тимови за нивните натчовечки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот упати искрена благодарност до лекарите и медицинските тимови за нивните натчовечки напори во спасувањето човечки животи, особено во првите моменти од ужасната трагедија и во процесот на транспорт. Тој апелираше до сите кои биле во близина на страшниот настан да се јават на доктор за консултација, без разлика дали чувствуваат било какви проблеми или не.

„Неопходно е да се преземат одредени мерки, без пркосење или негирање. Мораме да се справиме со ситуацијата доколку не сакаме да имаме последици во иднина. Апелирам уште еднаш, како што реков вчера, сите кои се наоѓале во близина на трагедијата да побараат консултација од доктор, без разлика дали имаат симптоми или не“, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Тој ја повтори одлучноста на Владата да продолжи да презема сите неопходни мерки за спасување човечки животи.

Реклама

„Голем број пациенти веќе се префрлени во странство – повеќе од 70-80 лица. Денеска, министерот за надворешни работи и министерот за здравство се наоѓаат во Солун, а потоа ќе продолжат за Софија за да ги посетат пациентите кои се згрижени таму. За час и половина ќе се одржи седница на Владата, на која ќе ја потврдиме одлуката да ги покриеме трошоците за двајца членови од семејството за да им овозможиме превоз и сместување во местата каде што се згрижени пациентите“, додаде премиерот.

Мицкоски изрази благодарност за поддршката од странство, нагласувајќи дека помошта стигнува од сите страни, а државата реагирала во рекордно време и презела сите потребни мерки и протоколи, како никогаш досега.