Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Економија

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба  и оти државава  и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата.  – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба  и оти државава  и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. 

– Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа  дека оваа енергетска криза за нив е политичка можност, а ќе предизвика последици во работењето и тековните трошења од страна на Владата. Но за нив имам лоша вест. Буџетот е во исклучително квалитетна состојба, изјави  Мицкоски, на новинарско прашање по учеството на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.  Мицкоси повтори дека постапката за ребаланс на Буџетот ќе биде во текот на месецов. 

Одлучивме, појасни, мерката за горивата, односно за безоловниот бензин да ја вратиме на 18 проценти, а притоа да ја задржиме мерката намалени акцизи, бидејќи цената на дизелот и на безоловниот бензин во втората половина на мај на светските берзи се движеше меѓу илјада и илјада двесте долари за барел.  – Така што, денес имаме два денара по литар намалена акциза и за дизелот и за бензините и истовремено имаме одобрен дополнителен попуст од страна на ОКТА за нејзините коминтенти од два денара по литар за безоловно гориво. Денеска одлуката на Регулаторната комисија беше дека имаме големо поевтинување на дизел горивото за шест и пол денари по литар и половина денар поскапување за безоловните горива. Кога на тоа ќе се додадат овие два денара по литар попуст од страна на ОКТА тогаш добиваме реално и де факто намалување и на безоловниот бензин од 1,5 денари  по литар и покрај тоа што данокот на додадена вредност има ставка од 18 проценти.  Со ова остануваме убедливо земја со најевтина цена на горивата, рече Мицкоски.

Реклама

Тој соопшти дека потрошувачката  на нашите бензински станици од граѓаните од соседите земји е зголемена за 15 до 25 проценти, за разлика од претходниот период кога во одредени денови беше и до 50 проценти.

Потенцираше и дека ќе има и други мерки, зависно од состојбата со кризата.  –  Ја следиме внимателно кризата. Не брзаме, па во зависност од интензитетот на кризата, така и ние ќе постапиме, рече Мицкоски.