Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари, сега пледира на 22 милијарди

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега плeдира на 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на изградбата на новата фаза од вакуумската канализација во населеното место Јурумлери, истакна дека податоците на Државниот завод за ревизија се лоша вест за опозицијата.

– Ние со сите овие проекти што ги работиме и овие позитивни индикатори коишто се појавуваат имаме лоши вести за опозицијата. Тие би се радувале кога ние би можеле да тонеме во тоа политичко мочуриште во кое што тие ја оставија земјата на безидејност, уништена, ограбена, понижена држава, економија и граѓани. Ние се обидуваме овие нешто повеќе од две години сè тоа да го консолидираме и конечно еве првите индикатори излегуваат на сцена, истакна Мицкоски.

Реклама

Појасни дека растот на БДП за 2024 е нивелиран од 3 на 3,8 отсто, а во 2025 од 3,5 на 3,8 отсто.

– Но она што е поважно, нашата цел како Влада беше номиналниот бруто домашен производ на крајот од мандатот од оваа влада да биде 20 милијарди долари. Тој е веќе постигнат во 2025 година. Значи оваа година растеме уште побрзо. Сега имаме нова амбиција, плeдираме на 22 милијарди долари, но да видиме сега како ќе биде оваа година. Досега првата половина е над очекувањата. Како ќе биде понатаму ќе видиме, рече Мицкоски.

Според премиерот, охрабрува податокот дека и индустриското производство во септември, што е последен месец од третиот квартал, пораснало за 2,4 отсто.

– И сега во третиот квартал имаме зголемено индустриско производство во услови кога имаме малтене невидлива, тивка трета светска војна што се случува во светот поради ова со енергенсите и во услови кога имаме намалена побарувачка поради пазарите и финансиски, но и оние коишто се поврзани со потрошувачката кај нашиот најголем трговски партнер, а тоа е Европската Унија, додаде Мицкоски.

Изрази задоволство од постигнатите резултати нагласувајќи дека секогаш може и подобро, но и оти тоа е најдобриот резултат во регионот и еден од најдобрите во Европа.

– Не можам да кажам дека сум незадоволен, задоволен сум. Секогаш може и подобро и одиме подобро, но ова е најдобриот резултат во регионот и еден од најдобрите во Европа, што претставува повторно лоша вест за нашата опозиција којашто би била најсреќна и би се радувала доколку ние потонеме во политичкото мочуриште коешто тие се обидуваат да го наметнат, додаде Мицкоски.