Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Мицкоски: Очекувам поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од жителите на Брвеница

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека на вториот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека на вториот круг од предвремените локaлни избори за градоначалник на Брвеница в недела очекува поддршка за нивниот кандидат од жителите на Брвеница, без да посочи дали има некаков меѓупартиски договор. 

Противкандидати на изборите в недела во Брвеница се Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ. 

– Јас очекувам поддршка од граѓаните на Брвеница, без разлика на етничката припадност и на партиската припадност или неприпадност. Јас бев таму. Бев во четири населени места и повторно оваа недела ќе појдам. Бевме во Теново, бевме во Радиовце, во Седларце, бевме и во Брвеница. Разговарав со жителите на Брвеница од разна етничка припадност. Мојата порака кон нив е следна: дека тие ќе продолжат да живеат еден до друг и по 1 ноември и по недела. Ќе дојдат политичари што ќе ги делат по етничка припадност најчесто. Тоа се очајници, кои на овој начин се трудат она малку што остана од нивната политичка иднина да ја спасат. Но, не заборавајте дека тие ќе си заминат, нема очи да им видите, а вие ќе останете и понатаму едни до други – Македонци и Албанци. И немојте никогаш да гласате затоа што некој од политичарите ви вели: „Гласајте за овој затоа што е етнички припадник на таа заедница или на другата“, туку гласајте онака како што ви велат разумот и срцето. Гласајте за оној што ќе ви донесе подобри времиња за вас и вашето семејство и повеќе проекти. Оставете нè нас политичарите – рече Мицкоски. 

Реклама

Им порача на жителите на Брвеница да гласаат за оние за кои ќе мислат дека ќе изработат повеќе проекти за нив.

– Немојте да ги спасувате изгубените и удавени политичари што ги гледавме 20 години на политичката сцена во Македонија. На 2 ноември ќе заборават сè што ви ветиле – рече Мицкоски, кој беше на промоција на мобилната апликација „М.услуги“. 

Повторно ние како Влада, додаде премиерот, ќе се вратиме на 2 ноември и ќе го правиме патот од Стенче до Гургурница, ќе ја правиме градинката во Челопек, ќе го правиме училиштето во Седларци и стадионот во Радиовце.

– Повторно ние како Влада ќе дојдеме таму, а овие ќе мислат дека на тој начин добиле некаков ветар во грбот. Немојте да дозволите да ве делат затоа што вие ќе живеете повторно заедно и од 2 ноември, а тие ќе заминат и очи нема да им видите. Тоа беше мојата порака – рече Мицкоски повторувајќи дека очекува поддршка од жителите на Брвеница.