Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Кумановските пензионери одбележуваат 80 години постоење со фестивали, спортски игри и културни настани

Здружение на пензионери Куманово годинава со низа активности го одбележува значајниот јубилеј…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружение на пензионери Куманово годинава со низа активности го одбележува значајниот јубилеј – 80 години од своето постоење. Наместо традиционални свечени седници, раководството се одлучило за динамична програма што опфаќа фестивали, регионални средби и културно-спортски манифестации со учество на пензионери од земјава и регионот.

Во рамки на јубилејната програма, денеска во големата сала на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ се одржува меѓународен фолклорен фестивал. Од здружението информираат дека активностите започнале уште во април со културен настан, а ќе продолжат и во наредните месеци.

Во рамки на јубилејната програма, во јуни ќе се одржи фестивал на хорови и пејачки групи, а Куманово годинава ќе биде домаќин и на регионалните спортски игри за пензионери од североисточниот регион.

Реклама

-Здружението на пензионери од Куманово, едно од најстарите во државата, е формирано веднаш по Втората светска војна од ентузијасти и занаетчии, а со текот на времето прераснало во значајна организација која ги обединува пензионерите од градот. Во својата историја поминало низ повеќе развојни фази, вклучително и период кога ги опфаќало и пензионерите од Крива Паланка и Кратово, пред тие да формираат сопствени здруженија. Сега сме едни од најбројните во државата-изјави претседателот на здружението, Ристо Бошков.

Во рамки на меѓународната соработка, претставници на здружението годинава ќе учествуваат и на фестивал за пензионери во Љубљана, каде ќе ја претставуваат Македонија. Бошков информираше дека здружението годишно издвојува меѓу пет и осум милиони денари за хуманитарни и социјални цели, најчесто како помош за болничко лекување и бањска рехабилитација на пензионерите.

– Не станува збор за директно делење готови пари, туку за враќање дел од трошоците врз основа на медицинска документација и одлука на комисија. Сите средства се исплаќаат преку законски утврдена постапка-посочи Бошков.

Здружението во моментов има околу 16.700 пензионери.