Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Клиниката за гастроентерохепатологија доби донација од 30 уметнички дела

Клиниката за гастроентерохепатологија доби значајна донација од уметнички дела, со што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиниката за гастроентерохепатологија доби значајна донација од уметнички дела, со што се збогати и разубави болничкиот простор. Станува збор за околу 30 дела, донирани од реномирани, но и млади уметници, кои преку својот креативен израз дадоа придонес за подобрување на условите во установата.

Донацијата има за цел да создаде попријатна и поинспиративна атмосфера за пациентите и медицинскиот персонал, што е особено важно во процесот на лекување и престој во болница. Уметничките дела веќе се поставуваат во просториите на Клиниката, каде ќе внесат топлина, боја и позитивна енергија.

Меѓу донаторите се: Данчо Ордев, Гоце Божурски, Игор Мишев, Томе Мишев, Дејан Иванов Маргуш, Стефан Хаџи-Николов, Боро Арсовски, Марјан Стојаноски, м-р Емилија Тоциновска, д-р Стојче Тоциновски, Горан Боев, Павле Кузманоски, Невзат Кица, Решат Амети, Владимир Темков, Бурхан Ахмети, Здружението за уметност и култура „СИЛИНДАРТ“ од Гостивар, Акиме Насуфи Реџепи, Дренуша Пашоли, Ванеса Ода, Лида Шарафатманд, Владимир Лазоски, Тасим Кадрија, Ардиан Кадрија, Имран Зимери, Џоко Антониев и Дејан Божиновски Коска.

Реклама

На приморедавањето на уметничките дела, директорката на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, проф. д-р Мери Трајковска рече дека замолиле што поголем број уметници да им излезат во пресрет, за да го оплеменат просторот на Клиниката, бидејќи сметаат дека уметноста и хуманоста, како и медицината се на една иста линија. Посочи дека голем број уметници донирале свои дела.

Оргазниаторот на настанот Сабри Азири, им се заблагодари на сите учесници и поддржувачи, истакнувајќи дека ваквите иницијативи имаат големо значење за поттикнување на хуманоста и зајакнување на заедништвото во општеството.