Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Свет

Кличко ги советува жителите на Киев да го напуштат градот поради засилени руски напади

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, им советуваше на жителите на украинскиот главен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, им советуваше на жителите на украинскиот главен град привремено да го напуштат градот поради засилените руски напади, наведувајќи дека не повикува на целосна евакуација.

Тој рече дека станува збор за преживување и дека им советува на жителите на Киев кои имаат пријатели или роднини надвор од главниот град да размислат за привремено преселување.

„Секој ден има нови извештаи за уништени згради, повредени или загинати луѓе, бидејќи гранатирањето врз нашиот град се интензивира. Денес станува збор за преживување“, рече Кличко.

Реклама

Тој нагласи дека нема да повика на целосна евакуација на Киев бидејќи, како што изјави, рускиот претседател Владимир Путин сака токму такво сценарио украинските градови да останат празни и да бидат предадени на Русија. Кличко рече дека во Киев се подготвуваат резервни системи за греење и се складираат гориво, храна и вода за пиење за зимата. Тој предупреди дека нарушувањето на инфраструктурата за водоснабдување во Киев може да доведе до голема криза.