Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица вчера попладне во близина на границата со Грција спречиле група од околу 40 мигранти илегално да влезат во државата.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека 15 мигранти биле лишени од слобода и предадени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.
Групата мигранти биле забележани и спречени да влезат во државава вчера околу 17:30 часот „на место викано „Ќупот“, во атарот на гевгелиското село Моин, во близина на граничната линија со Грција“.
-При преземање мерки полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели од огнено оружје во воздух, наведува МВР во дневниот билтен.

