Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Мицкоски: Се трудиме да ги убедиме државните компании да не бараат зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија

Се трудиме да ги убедиме државните компании да не бараат зголемување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се трудиме да ги убедиме државните компании да не бараат зголемување на цената на електричната енергија во нивниот дел, но не можеме да влијаеме на приватните компании, посочи вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Тој во гостување на една од националните телевизии нагласи дека како Влада ќе направат се државните АД ЕСМ и МЕПСО да не ја зголемат цената на нивниот дел од електричната енергија, за да нема зголемување на цената за крајните потрошувачи од 1 јануари идната година. Истакна дека цените на државните компании ќе останат исти како и досега, а за ЕВН Македонија рече дека не можат да влијаат на нивните побарувања, бидејќи се приватна компанија. Од Регулаторната комисија за енергетика, како што кажа, ќе зависи дали ќе ги прифати нивните барања и дали ќе ги оправда сите трошоци кои ќе ги прикажат.

Посочи дека се неопходни 345 илјади тони мазут за вклучување на ТЕЦ Неготино во енергетскиот систем на земјава за задоволување на потребите на потрошувачите на регулираниот пазар со електрична енергија во зимскиот период.

Реклама

-Со тоа што не се купи мазутот кога беше висока цената на нафтата на светсктие берези се заштедија значителни средства – рече Мицокски.