Стотици училишта останаа блокирани откако над 400 илјади француски ученици излегоа на масовни протести низ земјата, незадоволни од недостигот на кадар и лошите инфраструктурни услови. Ден по демонстрациите, билансот покажува повеќе од 6.500 приведени лица, десетици повредени полицајци и вандализирани улици. Најголем револт предизвика тешката повреда на 14-годишно момче, кое беше погодено со полициска граната во лицето.
Францускиот претседател Емануел Макрон свика состанок со повеќе министри во Елисејската палата по масовните протести што се одржаа низ Франција.

