Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Клековски: Со болница во Фленсбург водиме 11 судски спорови од кои чекаме исход

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски вечерва откри дека со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски вечерва откри дека со германска болница во Фленсбург каде порано биле испраќани случаи за трансплантација на матични клетки се водат 11 спорови пред германските судови. 

– Судските спорови на Фондот се стари и врзани се една болница во Фленсбург во Германија, каде во подамнешно минато се испраќани најчесто хематолошки случаи за трансплантација на матички клетки. Бидејќи тоа било доста редовна пракса во тоа време, не се собирале меѓусебните сметки и во еден момент Фондот прекинува да испраќа на лекување во таа болница и настануваат разлики. Со таа болница се водат 11 судски спорови во германските судови, ние ги очекуваме исходите, рече Клековски во вечерашното интервју на една од националните телевизии.

Минатата година имало околу 290 случаи на лекување во странство за што биле издвоени седум милиони евра. 

Реклама

Според него, она што недостасува во лекувањата во странство е добивање на завршно мислење од конзилиумот што ги испратил пациентите, како фидбек како е направена интервенцијата.

Во однос на можните злоупотреби со дежурствата на што претходно укажаа и министерот за здравство Азир Алиу и премиерот Христијан Мицкоски информирајќи дека лекари во јавното здравство земале месечно и до 10.000 евра плата, Клековски рече дека одговорност мора да има. 

– Не може еден доктор да биде во иста ноќ дежурен и во Скопје и во Битола. Одговорност мора да има. Не може сите вработени во една установа да имаат ист број на прекувремени часови за да се постигне некое посакувано ниво на плата. Не може цел ден ништо да не работите во сала, а да се нарекувате хирург, вели Клековски.