Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Индустриското производство во септември зголемено за 2,4 проценти на годишно ниво

Индустриското производство во септември 2026 година бележи зголемување од 2,4 проценти во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Индустриското производство во септември 2026 година бележи зголемување од 2,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Растот се должи пред сè на зголеменото производство во преработувачката индустрија, каде што е регистриран пораст од 4,2 проценти. Наспроти тоа, во секторот Рударство и вадење камен е забележано намалување на производството од 7,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 11,4 проценти.

Зголемувањето во преработувачката индустрија, според ДЗС, е резултат, пред сè, на повисокото производство на пијалаци, текстил, хемикалии и хемиски производи, производи од гума и пластични маси, други неметални минерални производи, метали, фабрикувани метални производи, како и моторни возила, приколки и полуприколки.

Реклама

Најголем придонес за порастот на индустриското производство во септември има зголемувањето кај производството на други неметални минерални производи од 64,4 проценти, производството на пијалаци од 21,3 процент и производството на моторни возила, приколки и полуприколки од пет проценти.

Според главните индустриски групи, пораст е регистриран кај интермедијарните производи, освен енергија, од 16,9 проценти и капиталните производи од 1,3 проценти.

Намалување има кај енергијата од 20,3 проценти, трајните производи за широка потрошувачка од 8,3 проценти и нетрајните производи за широка потрошувачка од 4,5 проценти.

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2026 година, во споредба со истиот период лани, забележа раст од 0,8 отсто.