Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби, порача Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека во вториот круг на изборите за градоначалник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека во вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница ќе имаат повеќе гласови од освоените во првиот круг, бидејќи, како што потенцира, се обраќале до сите жители на општината без разлика на верска или етничка припадност. За разлика од ова, нагласи премиерот, од опозицијата со кампањата создаваат етнички поделби без да бидат свесни за тоа дека жителите ќе останат таму да живеат заедно и по изборите. Пораката која ја упати до граѓаните во пресрет на вториот круг во Брвеница е да гласаат за проекти за подобар живот, а не за етнички или какви било други поделби. 

– Денеска кон крајот на денот ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница. Во првиот (круг) имавме најмногу гласови, речиси 3.000, сега очекуваме и тој број на гласови да го зголемиме. Нашата цел е да освоиме над 4.000 гласа и со тоа цениме дека ќе имаме победа во Брвеница. Ние, за разлика од политичките партии коишто се обединија околу противкандидатот, се обраќавме на жителите на Брвеница. Тие создаваа етничка поделба без притоа да водат сметка дека тие ќе заминат по изборите, а таму ќе останат луѓето да живеат  заедно – Македонци и Албанци, христијани и муслимани и останати. За жал водеа една кампања којашто не доликува за 21 век, но тоа е што е – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба.

Премиерот додаде дека од опозицијата мислат оти на таков начин ќе добијат градоначалник повеќе во Брвеница, но оти по изборите ќе се види каков ќе биде резултатот.

Реклама

– Мојата порака и до жителите на Брвеница и до македонската јавност е дека кога одлучуваат за кого да го дадат својот глас, треба да одлучуваат дали да го дадат својот глас за оние коишто имаа можност во минатото повеќе од две децении да направат нешто, а не направија ништо, односно оставија нула или за овие коишто сега прават се што, за жал, во минатото не било направено. И тука нема етничка поделба. Затоа јас би сакал уште еднаш да упатам порака до жителите на Брвеница и жителите на Македонија дека ако сакаме да одиме напред, мораме да зборуваме за проект повеќе и да зборуваме за додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, а не да се враќаме на политиките од минатиот век – порача премиерот. 

Кампањата базирана на етнички поделби, според него, е гума за спасување на политичари кои припаѓаат во минатиот век и кои така ја гледаат оваа кампања во Брвеница. Но, нагласи Мицкоски, на крајот од денот во недела ќе видиме каков ќе биде резултатот.

– Очекувам да помине денот мирно, да нема поголеми инциденти и на тој начин да покажеме дека сме зрела демократија, што всушност и го покажуваме, бидејќи мирот кај нас не е доведен под знак прашање, додека во околината, во соседството, па и насекаде во Европа имаме прилично тензична состојба во одредени градови – изјави Мицкоски.