Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Здравство

ФЗОМ најави стабилизирање на снабдувањето со онколошки лекови

Се намалува проблемот со недостапност на онколошки лекови во аптеките. Откако онколошките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се намалува проблемот со недостапност на онколошки лекови во аптеките. Откако онколошките пациенти алармираа на недостаток на таблетарна терапија, како и тоа дека не можат да испитаат тумор маркери во нивните населени места, од Фондот за здравство велат дека еден лек го немало, а сега е достапен во аптеките, а за друг повторно се распишал тендер и набрзо треба да започне дистрибуцијата.

Од ФЗОМ велат дека на пациентите кои ги купуваат поевтините лекови, трошоците редовно ќе им бидат рефундирани. Дополнително вели дека тумор маркери се прават во 50 здравствени установи во земјава, од кои 15 здравствени домови, 23 болници и 12 приватни установи. Тој смета дека ова е добра географска покриеност.

Фондот за здравствено осигурување ќе го менува Правилникот за да натера што повеќе лекари да работат во рурални подрачја. Целта на овие измени е да се создадат поповолни услови за отворање ординации во рурални подрачја. Директорот Сашо Клековски ги повика граѓаните и сите заинтересирани страни да достават предлози до први ноември.

Реклама

Целта на овие измени е да се создадат поповолни услови за отворање ординации во рурални подрачја. Во моментов, од 96 планирани матични лекари, работат само 44, што значи дека недостасуваат 52 лекари во ридско-планински средини. Тие најголем проблем имаат брзо да создадат база на пациенти, да вработат медицинска сестра, да ги покријат трошоците на стартот на работењето. Инаку, годинава капитацијата на матичните лекари се зголеми за 33%.