Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Фон дер Лајен: ЕУ треба да вдахне живот на клаузулата за заемна одбрана

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската Унија треба да „вдахне живот“ на клаузулата за заемна одбрана, загарантирана во нејзиниот основачки договор.

– Заемната одбрана не е задача по избор за ЕУ. Тоа е обврска од нејзиниот договор… Нашата колективна обврска е да застанеме заедно во случај на агресија, или едноставно кажано: еден за сите, сите за еден. И тоа е она што претставува Европа – посочи Лајен.

Таа истакна дека Европа, која со децении зависеше од САД за својата одбрана, сега мора да „забрза“ и „да ги преземе своите одговорности“.

Реклама

– Безбедноста на Европа не секогаш се сметаше за наша примарна одговорност. Но тоа се промени фундаментално… Треба да развиеме европски столб на стратешки средства: во вселената, разузнавањето и капацитетите за длабок удар – наведе Лајен.