Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Доктори од Англија ги утврдуваат капацитетите на штипската болница за лекување на повредените во „Пулс“

 Штипската Клиничка болница прави проценка дали има капацитет да ги прими повредените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Штипската Клиничка болница прави проценка дали има капацитет да ги прими повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кои ќе имаат потреба од дополнителен третман. По отпуштањето на пациентите од болниците во земјата и странство, заврши првата фаза во лекувањето. Сега се проценува дали пациентите ќе можат да бидат сместени во болничките капацитети за втора и трета фаза на лекување.

Изјава – д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница-Штип:

„Пациентите се уште се во активна прва фаза, бидејќи на нив се уште се изведуваат хируршки интервенции. По отпуштањето дома, болницата ќе преземе некои преврски за полесни пациенти, а ќе се направи и увид во одделот за Физикална терапија. Во иднина, во трета фаза тие пациенти ќе добиваат физикален третман“, изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница-Штип.

Реклама

Доколку се успее со преадаптацијата на просторот, дел од пациентите ќе бидат сместени на оделот за Физикална терапија. Лекари од Англија и преставници од Министерството за здравство, денеска извршија увид и утврдија дека треба да се направи соодветна преадаптација на просторот, како што е пренаменување на трикреветни соби во еднокреветни. Медицинскиот тим ќе одлучи кои пациенти ќе бидат хоспитализирани, а кои ќе бидат лекувани амбулантски.

„Тоа е втора фаза, активен третман на преврски. Проценката за третманот ќе ја правиме со нашите лекари, пластичните хирурзи и со консултација со лекарите од Скопје, и така ќе одлучиме кои пациенти ќе бидат хоспитализирани и како ќе се лекуваат“, изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

Захариев потенцираше дека се уште е неизвестно колку пациенти ќе може да прими штипската Клиничка болница.

https://youtu.be/65XxMZLGAyc