Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Здравство

„Дискотека Пулс“ не е регистрирана во регистарот за лиценци на Министерството за економија, објектот бил наменет за лесна индустрија

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција објави дека дискотеката „Пулс“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција објави дека дискотеката „Пулс“ во Кочани немала валидна лиценца за работа и функционирала во објект кој бил наменет за лесна индустрија. Според него, дискотеката работела незаконски, а како резултат на трагичниот пожар, каде што загинаа 59 млади лица, започнати се бројни апсења на лица од различни институции, вклучувајќи ги МВР, Министерството за економија и други надлежни органи.

Тошковски потврди дека денес ќе се извршат приводи и ќе се апсат сите одговорни, вклучувајќи како сегашни, така и поранешни лица. Во Тетово и реонот на МВР биле приведени неколку лица, меѓу кои и еден поранешен министер, како и две лица од Министерството за економија. Во претресите кај нив биле одземени парични средства и оружје.

„Во СВР Скопје и СВР Тетово се приведени 5 лица, а во Штип 13. Меѓу нив се и три лица од Државниот пазарен инспекторат, едно лице од Инспекторатот за труд, сопственикот на објектот и други вработени, вклучувајќи членови на обезбедувањето“, изјави Тошковски. За 11 лица е определен краткотраен притвор.

Реклама

Министерот истакна дека правното лице што ја управувало дискотеката не поседувало лиценца за работа. Сопственикот на објектот, при контрола, доставил фалсификувана лиценца која наводно била издадена од Министерството за економија, но при проверката било утврдено дека таква лиценца не постои во регистарот.

Тошковски нагласи дека не само што објектот работел без лиценца, туку бил и наменет за лесна индустрија, што го прави несоодветен за ваков тип настани. Објектот не бил опремен со потребни безбедносни мерки, а во него имало само два противпожарни апарати. Повеќе од тоа, немало излезни врати за евакуација, а концертот на групата ДНК бил организиран без писмен договор со сопственикот на дискотеката.

„На станот не било пријавено користење пиротехнички средства, иако законот наложува задолжително пријавување за употреба на пиротехника. Претставникот на бендот ДНК изјавил дека пиротехничките средства ги донел бендот, а лицето задолжено за нивна употреба е загинато“, додаде министерот.

Тошковски истакна и дека полицијата вршела контрола пред пожарот, но не ја имала обврската да обезбедува настани во клубовите, освен ако тоа не е побарано од организаторите. Тој ја потврди трагичната ситуација во која полицискиот службеник кој бил обвинет за недејствување за време на настанот, всушност, загинал помагајќи им на луѓето да избегаат од огнената опасност.

Министерот на крајот изрази решеност дека ќе се истражат сите детали и ќе се преземат сите неопходни мерки против одговорните лица.