Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Директорката на УЈП учествуваше на меѓународен настан организиран од ММФ во Атина

Минатата недела, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минатата недела, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова заедно со помошник директорката Весна Новаковиќ, учествуваше на меѓународен настан организиран од Меѓународен монетарен фонд во Атина, на тема: „Од реформа до резултати – докази за впечатлива реформа на даночна администрација“, се вели во соопштението на УЈП.

На настанот присуствуваа директори и високи претставници на даночни администрации, меѓународни експерти и креатори на политики, кои дискутираа за искуствата, предизвиците и резултатите од реформските процеси во даночните администрации.

Реформата на даночната администрација на Грција беше посочена како значаен пример за тоа како реформите започнати како одговор на криза можат да доведат до одржливи резултати, проширен фискален простор и поголема отпорност на надворешни шокови, но и до создавање ново деловно опкружување и нова култура на јавни услуги.

Реклама

Во рамки на дискусиите, беше истакнато дека реформата на даночната администрација не претставува само воведување нова технологија, туку процес кој бара јасна визија, доследност, институционална стабилност и способност за надминување на предизвиците, при истовремено зачувување на кредибилитетот во наплатата на приходите и обезбедувањето даночни услуги.

На панелот посветен на институционалните „овозможувачи“ на реформата, директорката на УЈП говореше за значењето на лидерството, организациската култура и институционалната отпорност како клучни фактори за градење доверба и обезбедување континуитет на долгорочните промени.

Настанот претставуваше и можност за средби и разговори со заменик директорката Ера Дабла-Норис и други високи претставници на Фискалниот департмент на ММФ, при што беше разговарано за тековната и идната техничка поддршка за УЈП.

Во продолжение на реформските процеси, УЈП останува посветена на модерна, ефикасна и кредибилна даночна администрација, усогласена со меѓународните стандарди и добри практики.