Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Дигиталното земјоделство станува национална приказна: АПРЗ во посета на ФЗНХ

Факултет за земјоделски науки и храна продолжува активно да ја гради дигиталната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултет за земјоделски науки и храна продолжува активно да ја гради дигиталната иднина на македонското земјоделство преку современи технологии, практична едукација и меѓународна соработка.

Факултетот беше домаќин на работна посета на претставници од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, предводени од директорот Пеце Стојковски, при што повеќе од 30 советници и претставници од осум плански региони имаа можност практично да се запознаат со најновите дигитални решенија и технологии во земјоделството.

Активностите се реализираа во рамки на проектот Empowering Digital Agriculture: Modernization, Education and Sustainable Development in Macedonia, поддржан од CMSR и Влада на Република Словенија.

Реклама

Посетата претставуваше многу повеќе од класична презентација на опремата. Таа беше реален приказ на тоа како изгледа современото земјоделство кога науката, технологијата и практичната примена функционираат заедно.

На експерименталното поле на Факултетот беа презентирани агрометеоролошки мониторинг системи, паметни системи за наводнување и фертигација, дигитални алатки за следење на штетници, сензорски технологии за анализа на почвата и растенијата, визуелни системи за анализа на култури, како и примена на дронови во современото земјоделско производство.

Преку демонстрации во реални услови, советниците на АПРЗ добија увид како современите технологии можат директно да им помогнат на земјоделците во подобро управување со ресурсите, намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на производството.

Директорот Стојковски истакна дека современото земјоделство бара знаење, податоци и технологии, додавајќи дека ваквите проекти претставуваат важен чекор кон поефикасно и поконкурентно македонско земјоделство.

Особено значајно е што токму АПРЗ, како институција која има директен контакт со земјоделците на терен и клучна улога во трансферот на знаење низ целата држава, преку ваквите активности дополнително ги зајакнува своите капацитети за поддршка на модерното и дигитално земјоделство.

Настанот уште еднаш потврди дека дигиталната трансформација на земјоделството веќе активно се реализира и во Македонија, преку соработка меѓу академската заедница, институциите и меѓународните партнери.

Воедно, посетата испрати и силна порака за значењето на соработката помеѓу академската заедница, институциите и меѓународните партнери во процесот на создавање поотпорен, поефикасен и технолошки подготвен агро-сектор.

-Овој проект претставува многу повеќе од технолошка инвестиција – тој претставува инвестиција во иднината на земјоделството, во младите кадри и во долгорочниот развој на државата. Нашата цел е Факултетот да стане место каде образованието, науката и дигиталната трансформација ќе создаваат реални решенија за секторот. Веруваме дека Македонија има капацитет и знаење да биде активен дел од современите европски процеси на паметно и одржливо земјоделство- истакна деканот на ФЗНХ, Миле Маркоски во своето обраќање.

Со поддршката на CMSR и Владата на Република Словенија, Факултетот за земјоделски науки и храна продолжува да развива современа платформа која не само што придонесува за едукација на нови генерации агро-експерти, туку и активно учествува во процесот на дигитална трансформација на целиот сектор.