Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Дигитализацијата неминовен процес во противпожарната заштита

Дигитализацијата во противпожарната заштита е особено значајна особено затоа што помага во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигитализацијата во противпожарната заштита е особено значајна особено затоа што помага во навременото постапување и во заштита на човековите животи и имотот. Создавањето на централен регистар којшто ќе ги содржи сите потребни информации е исклучително важен во вакви ситуации, порачаа учесниците на денешната конференција насловена „Дигитализација на противпожарната заштита“ што се одржува во Скопје во организација на Сојузот на стопански комори.

На конференцијата на која учествуваат и претставници од регионот беше нагласено дека технологијата не можe да ја замени стручноста, одговорноста и човечкиот фактор, но дека може значително да ја унапреди нивната ефикасност и да овозможи подобро донесување одлуки, навремено постапување и поефикасна заштита.

– Заштитата од пожари не е само прашање на исполнување законски обврски и почитување технички стандарди. Пред сè, таа е прашање на заштита на човечките животи, имотот и непреченото функционирање на нашето општество. Затоа, вложувањата во превенција, современи системи за заштита и подобро управување со информациите мора да бидат наш заеднички приоритет – нагласи заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски.

Реклама

Дигитализацијата, според него, отвора значајни можности во оваа насока. Современите дигитални решенија овозможуваат подобра организираност, поголема транспарентност и поефикасна координација меѓу сите вклучени страни.

– Нашата цел треба да биде јасна: да се движиме од систем што претежно реагира на проблемите кон систем што навремено ги препознава, предвидува и спречува ризиците. Токму во тоа ја гледам вистинската вредност на дигиталната трансформација – во можноста преку технологијата да дејствуваме навреме, да ги намалиме ризиците и да создадеме побезбедна средина за сите, рече Настасијевиќ Варџиски.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, мора да се дигитализира и оваа област и противпожарната заштита да биде во чекор со современите процеси. 

Учесниците на конференцијата се согласни дека дигитализацијата повеќе не е избор, туку неопходност за развој и напредок и дека таа е средство со кое може подобро да се организираат процесите, побрзо да се разменат информации и да се донесат поефикасни и поодговорни одлуки.

– Кога станува збор за противпожарната заштита, нејзиното значење е уште поголемо. Тука зборуваме за превенција, навремено постапување и заштита на човечките животи и имотот. Затоа, секое решение што придонесува за поголема безбедност заслужува сериозно внимание и поддршка – рече претседателот на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски во воведното обраќање.