Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Дел од терапијата што недостасуваше на УКРО пристигнала денеска

Дел од терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во Скопје стигна денеска, информираше министерот за здравство Арбен Таравари, додавајќи дека утре се очекуваат уште неколку лека, а в понеделник други. Според министерот, практично ги имаат сите потребни лекови.

„Првпат се случува за наше време, 10 дена да нема терапија. Меѓутоа, да не заборавиме, 95 проценти од пациентите се третираат и имаат терапија, недостасуваше за пет отсто. И да не заборавиме оваа набавка што ние сега ја користиме, не сме ја направиле ние, туку е направена од пред нас, меѓутоа тоа е неважно за пациентите. Битно за пациентите е тие да имаат терапија. Се работи за околу 20, 30 пациенти, меѓутоа и еден пациент да е – многу е. И затоа даваме максимални напори од идната недела сите да бидат третирани“, одговори тој на новинарско прашање пред почетокот на првата национална консултација за реформа на болничкиот сектор.

Околу информации дека се трошат последни количини на имунолошка терапија на Онкологија, министерот изрази надеж дека ќе нема криза.

Реклама

„Јас се надевам дека и тоа ќе бидеме покриени набргу и нема да има криза. Така да, се обидуваме да згасиме пожари што се предизвикани однапред, значи овие тендери за оваа количина на лекови, јас не сакам сега да изнаоѓаме кој е крив, не е битно тоа за пациентите, тие си бараат лекови и третман. Меѓутоа со новото снабдување на лекови, јас се надевам дека нема да се случи идната година, повторно јануари, февраури, да недостасуваат одредени лекови“, одговори Таравари на новинарско прашање.

Во однос на тоа со кои веледрогерии е склучен договор за лекови за Онкологија министерот рече дека знае за „Алкалоид“, „Пановски“, плус уште две или три, вкупно четири или пет компании.

„Меѓутоа, тоа не е ни битно ни релевантно, важно е дека отворена е конкуренцијата за сите. Значи немаме предрасуди за некого“, истакна Таравари во изјава за медиумите.

Стручна комисија, како што соопшти, имало формирано и за случајот со починатото деветгодишно дете од светиниколско и за починатите близначиња во прилепската болница. Повеќе информации најави штом ги добие извештаите од комисиите.