Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Прилози

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Пожарите во Албанија и Црна Гора се вон контрола, а ситуацијата е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите во Албанија и Црна Гора се вон контрола, а ситуацијата е повеќе од сериозна. И покрај тоа што илјадници пожарникари учествуваат во гасењето, сепак голем дел од нив се надвор од контрола. Па така, во Албанија пламените јазици се закануваат на домовите во предградието на главниот град Тирана, како и на базата за хеликоптери во општината Фарка и националниот парк „Лура“, а локалните власти не ја исклучуваат можноста за поголема евакуација. Најизложено на опасност е селото Лундра кое се наоѓа на само 11 киломтери од центарот на градот. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се над 750 оперативни сили, 75 возила а активни се 5 хеликоптери на вооружените сили и два ертрактори.

„Ситуацијата во Круја е една од најопасните ситуации што сме ги имале во последните 4 години. Сериозна е состојбата и во Фиер и Мирдита а пожар се појави и во Вау и Дејас кој се движи кон Коман, каде се истоимените хидроелектрани. Тука помагаат противпожарни екипи од неколку соседни градови“, изјави Ермал Нуфи, министер за одбрана на Албанија

Но ситуацијата не е лоша само во Албанија. Во Црна гора, во близина на познатиот Херцег Нови втор ден по ред гори огромен шумски пожар кој речиси е стигнат до кучите и се заканува на густото населено крајбрежје. Пожарникарите прават се што е во нивна моќ да ги заштитат граѓаните и туристите. Неколку куќи веќе се евакуирани. Без струја останале 5 населени места затоа што локалниот далновод бил исклучен поради опасноста од огнот. Во меѓувреме во Котор и Тиват исто така побарале помош. Досега таму пожарите изгореле преку 2000 хектари шума.

Реклама

„Ситуацијата синоќа беше доста критична. Загрозени беа десетици куќи. Линијата на пожарот е навистина голема, неколку километри. Се протега од Бијела према Баошиќ“ изјави Златко Ќировиќ, командир на Службите за заштита и спасување на општина Херцег Нови

Грција пак која периодов претрпе огромни штети од масовни шумски пожари повторно прогласи „црвена тревога“. Огромните суши, силните ветрови и високите температура се совршена комбинација за огнена катастрофа. Грчките противпожарни сили се на готовс за спречување на пожарите во местата каде што има голем ризик како Атика, Халкидики, делови од централна грција, Пелопонез западна Грција, Еврос и Кавала а има опасност за пожари и на островите Тасос, Евија и Кикладите. Грчките власти власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожар.