Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Клиника за пластична хирургија: Етапно реконструктивно лекување на повредените во пожарот во Кочани, извршена сложена операција кај тешко повреден

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беа реализирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беа реализирани повеќедневни стручни консултации за понатамошниот третман на пациентите повредени во трагичниот пожар во Кочани. По иницијатива на директорката на Клиниката, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, беше организирана експертска посета од страна на суб. спец. д-р Игор Маљковиќ, искусен пластичен и реконструктивен хирург со долгогодишно искуство во лекувањето на најсложените случаи на изгореници, објавија од Клиниката на нивната фејсбук страница.

Во текот на посетата, како што се посочува, беа извршени детални прегледи и стручни консултации за секој пациент, при што беа дефинирани индивидуални планови за етапно реконструктивно лекување. Секој случај беше разгледан од аспект на функционалното закрепнување, можностите за понатамошни оперативни зафати и очекуваните резултати. Покрај консултативниот дел, беше реализирана и сложена реконструктивна операција кај еден од најтешко повредените пациенти од пожарот во Кочани.

Операцијата беше резултат на тимска работа и професионална соработка меѓу д-р Маљковиќ и прим. д-р Ѓорѓиевска Павловска, прим. д-р Тренчев, ас. д-р Нацеска Ѓорѓевска, ас. д-р Јовановски, спец. д-р Максутлар, спец. д-р Трајков, како и специјализантите д-р Ставриќ, д-р Шемов и д-р Пејоска, д-р Ончев, со поддршка од анестезиолошкиот тим, операционите медицински сестри и целиот персонал на Клиниката, се наведува во објавата.

Реклама

Од Клиниката потенцираат дека неговото учество претставува значаен придонес во планирањето на следните фази од лекувањето. Иницијативата има за цел примена на современите принципи на реконструктивната хирургија и размена на знаење и искуства со врвни експерти од регионот, истовремено потврдувајќи дека грижата за пациентите од Кочани останува еден од главните приоритети на Клиниката.

Лекувањето на пациентите со тешки изгореници не завршува со спасувањето на животот или зараснувањето на раните. Напротив, тогаш започнува долго и комплексно патување исполнето со реконструктивни операции, рехабилитација и постепено враќање на функцијата, самостојноста и квалитетот на живот. Грижата за пациентите со тешки изгореници бара знаење, искуство, трпение и пред сè, тимска работа. Успехот не се мери само со успешно изведената операција, туку и со секој следен чекор кој му овозможува на пациентот повторно да ги користи своите раце, да се врати во секојдневниот живот и да ја врати надежта за иднината.

Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија останува посветена на обезбедување континуирана, современа и холистичка здравствена грижа за пациентите повредени во пожарот во Кочани. Со посветеноста на специјалистите, професорите, специјализантите, медицинските сестри и останатиот здравствен персонал, како и преку соработка со врвни експерти од регионот и светот, Клиниката продолжува да го гради патот кон постигнување максимални резултати за секој пациент, стои во објавата на таа јавна здравствена установа.