Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Tоп

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Власта крие, новинарите молчат – на Инфективно врие од заразени со „ешерихија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта крие, новинарите молчат – на Инфективно врие од заразени со „ешерихија коли“ – од вака навидум невина порака до предизвикување општа паника во Скопје дека водата за пиење е заразена со бактерија. Засега не се знае кој е изворот, а никој од повиканите на разговор, досега најмалку шест, не кажале кој ги информирал. Побрзале да ја споделат на социјалните мрежи, иако никој од нив немал потврда од надлежните институции дека навистина е така.

Иако повеќето од „испораторите“ на паниката масовно ги бришат статусите и пораки, сепак некои станаа познати во јавноста. Оава се само дел од пораките кои се споделуваат во кои се вели „добив информација од сигурни извори дека водата во Скопје не е исправна за пиење и дека во истата е пронајдена бактерија ешерихија коли“, „На инфективно денес врие од заразени од ешерихија коли – од водата – не верувам дека е случајно труењево“…

Инаку, осомничените пред полициските инспектори, неофицијално дознаваме, се правдале дека информациите им биле од сигурни извори, дека им било кажано дека водата има ешерихија коли, но кој им кажал – не кажуваат.

Реклама
  • „Во врска со вашите прашања ве известуваме дека Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија соодветно ќе ја информираме јавноста“, велат од МВР.

Исто така се истражува дали станува збор за изолирани инциденти или пак, за организирана акција од некој центар за предизвикување, страв, паника и вознемиреност меѓу граѓаните. Обвинителство го чека епилог од истрагата во МВР, од што ќе зависи дали и каква кривична пријава ќе има. Доколку се утврди кривична одговорност, им се заканува парична па дури и казна затвор до шест месеци.

КРИВИЧЕН ЗАКОНИК – ЧЛЕН 205 СТАВ 5:

Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци.

Но, строителите можат да бидат казнети и според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој предвидува санкции за секое лажно алармирање на јавноста кое го нарушува редовниот животен ритам.

Закон за прекршоците против јавниот ред и мир – член 2:

Прекршок против јавниот ред и мир врши секој кој со своето однесување или постапка го нарушува мирот, работата или вообичаениот начин на живеење ги омаловажува, понижува и навредува граѓаните, на јавно место ја загрозува нивната безбедност или создава несигурност, го оневозможува непреченото движење на граѓаните на јавни места или го нарушува остварувањето на нивните права и обврски, ја попречува работата и извршувањето на надлежностите на државните органи и други институции кои вршат јавни овластувања, или вршењето на дејностите на правните лица или на друг начин го нарушува јавниот ред и мир.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, предизвикувањето na паника го поистовети со терорирстички напад и повика истражните органи до крај да го расветлат.

Вакви ситуации имаше и за време на ковид пандемијата пред шест години, кога МВР апелираше да не се шират лажни информации за создавање наоснована паника и вознмиреност кај граѓаните, бидејќи ќе се соочат со санкции.