Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја

На граничните премини Дојран/ Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На граничните премини Дојран/ Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција, царинските службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра.

Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во камион со турски регистарски таблички, а останатите 296 во камион што во Грција дошол од Македонија.

Од ААДЕ соопштија дека во рамки на насочените активности за сузбивање на шверцот и заштита на животната средина, во петокот на 7 август 2026 година, биле извршени контроли на двата копнени гранични премини, едниот кон нашата земја, другиот кон Турција.

Реклама

– Во раните утрински часови истиот ден, на граничниот премин Дојрани, при контрола на празен товарен контејнер од Македонија, во специјално направена преграда биле откриени 296 боци нелегална разладна течност од типот R134a, за кои царините и даноците се пресметуваат во износ од 55.000 евра, соопштија од ААДЕ. 

Во исто време, на граничниот премини Кипи кон Турција при контрола на товарно возило со приколка со турски регистарски таблички, биле откриени 1.000 боци фреон од типот R404A, што биле „внимателно скриени под пријавениот товар од гипс-картонски плочи“. 

– Увозот на оваа течност во ЕУ е забранет. Вкупната вредност на товарот изнесува 884.400 евра, додека избегнатите царини и даноци се проценуваат на 283.538,64 евра, пишува во соопштението од Независната управа за јавни приходи на Грција.

Додадоа дека целиот нелегален товар и од двата случаи е запленет и се спроведени предвидените законски постапки.