Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни – изгаснат пожарот кај село Чифлик

Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 11 пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот од кои три се активни, а осум се изгаснати. Активни пожари има во село Бело Поле, Општина Долнени каде гори ниска вегетација; село Браилово во истата општина каде гори ниска вегетација; и село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде исто така гори ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Изгаснат е и пожарот кај село Чифлик во Општина Сопиште каде гореше борова шума и во чие гаснење беа упротебени трите „ер трактори“ на Дирекцијата за заштата и спасување.

Покрај тоа, изгаснати се и пожарите во село Бањица Општина Чашка (ниска вегетација), Општина Струга село Биџево (ниска вегетација), Општина Врапчиште село Сенокос (ниска вегетација), Општина Делчево (депонија), Општина Новаци: кај езерото Букри (шумски пожар), Општина Арачиново село Брњарци (ниска вегетација, борови дрвја) и Општина Ѓорче Петров населба Волково (ниска вегетација, борови дрвја и грмушки).

Реклама