Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Минаа 25 години откако оружјето и пукотниците стишаа. Петте потписи на Македонските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минаа 25 години откако оружјето и пукотниците стишаа. Петте потписи на Македонските лидерите и на лидерите на Албанците во Македонија ставија крај на неколку месечниот конфликт кој се закануваше да ја втурне дражавата во едно ново Балканско крвопролевање слилчно на тоа во Хрватска, Косово и Босна. По две и пол децении, се уште постои поделеност околу тоа дали Рамковниот договор ги исполни своите долгорочни цели, но има единство околу една работа – тој успеа да стави крај на конфликтот и да даде шанса на соживотот.

Овој настан не е само за одбележување на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Тој е можност нашето внимание да го насочиме кон иднината – кон зајакнувањето на владеењето на правото, развојот на едно поинклузивно општество и, особено, кон градењето капацитети и создавањето повеќе можности за младите“, вели Агон Ферати – министер за односи меѓу заедниците.

Реклама

Но како и секоја година, така и годинава добележување на годишнинана не помина без проблеми и поделби. Опозициската ДУИ, која беше формирана токму после конфликтот, одбива да учествува во одбележувањето – им сметало дека тоа било организирано од министерството за односи меѓу заедниците, со кое неодамна раководеше министерот Иван Стоилковиќ. Влен возвбрати дека со ваквите истапи ДУИ само се обидува да ги приватизира рамковниот.

Инаку на владината панел-дискусија посветена на досегашната имплементација и идните предизвици, со која почна одбележувањето на годишнината, беше истакнато дека со европската интеграција на Македонија, ќе дојде и до надградување на рамковниот договор.

Охридскиот рамковен договор навистина беше еден голем тест за сите нас. Пред 25 години приоритет беше да се создадат услови за мир и стабилност, а денес наш приоритет е да создадеме услови за просперитет, европски стандарди и секако поквалитетен живот“, изјави Викторија Трајков, заменик-министерката за европски прашања.

Поранешната дипломатка на ОБСЕ, Кларис Пастори, која била ангажирана во Македонија во периодот на преговорите и имплементацијата на договорот, оцени дека Охридскиот рамковен договор е повеќе од мировен договор, бидејќи ги штити човековите права, ги вклучува заедниците во институциите и ја зајакнува демократијата.

Можам да ве уверам со најголема искреност дека Охридскиот рамковен договор е најдобриот договор што некогаш сум го видела или искусила. Мора да го живеете, да го спроведувате, да го поправате, да го одржувате секој еден ден“, порача Пастори.

Свеченото одбележување на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор продолжува и утре, 13 август, со активности организирани од Министерството за односи меѓу заедниците.