Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови авиодестинации, а со зимскиот ред на летање се очекува и нови дестинации, што значи дека до крајот на годината може да се стигне и до 4 милиони патници.

Одговарајќи на новинарски прашања по работната посета на М-НАВ, Николоски посочи дека со изборот на Владата во 2024 година се прави анализа на воздушниот сообраќај и воведена е нова политика на привлекување и субвенционирање на нови директни летови, што го даде својот резултат.

​- Од двата аеродроми имаме 28 нови дестинации во изминативе година и половина. Сериозен раст на авиосообраќајот, минатата година имаше голем раст, оваа година има историски раст. ​Оваа година двата аеродроми заедно во првите шест месеци имаат раст од 32 проценти – изјави Николоски.

Реклама

Гледано во апсолутни бројки, нагласи Николоски, минатата година достигнавме 3 милиони патници, а годинава веќе сме над 2 милиони патници, што значи дека до крајот на годината може да стигнеме до 4 милиони патници.

-Ако тоа не се случи во 2026, тогаш сигурно во 2027 година ќе стигнеме до четири милиони патници, што е огромна бројка, имајќи во предвид дека вкупното население во државата е 1,8 милиони – нагласи Николоски. 

Аеродромите во Скопје и Охрид, посочи Николоски, се најбрзо растечки во своите категории и постигнаа апсолутни рекоди во јули.

-Во еден ден во јули на Скопскиот аеродром имаше 101 воздушна операција – слетувања и полетувања, а на Охридскиот имаше 21. Тоа е апсолутен рекод, којшто претходно не е забележан и во следниот период продолжуваме со овој раст- порача Николоски. 

Тој, исто така, потсети дека компанијата Виз Ер,  ја има својата трета најголема база во Европа токму во Скопје со седум воздухоплови и најави дека се очекува еден воздухоплов да биде стациониран и во Охрид, а со зимскиот ред на летање и нови дестинации.  

Видеото може да го погледнете на следниот линк: