Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Прилози

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

„Што ќе се случи со мене понатаму?“ „Дали ќе бидам безбеден и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Што ќе се случи со мене понатаму?“ „Дали ќе бидам безбеден и сакан?“ Разделбата на родителите најпрво ги буди овие прашања кај децата. Еден старател, два различни дома, две семејства – траумата од развод секое дете ја доживува различно. Психолозите велат дека начинот на кој што ќе го разберат и доживеат овој процес најмногу зависи од односот на родителите, но сепак траумата може да се надмине и да не остави трајни последици. 

„Кај помалите деца може да се појават регресивни реакции како повторно мокрење во кревет, проблеми со спиењето, стравови од разделување од родителите. На предшколска возраст може да се јави чувство на вина, да се чуствуваат одговорни за тоа што мама и тато не се веќе заедно, потоа во периодот на школска возраст може да настанат проблеми во однесување, да се појави лутина, да се појави пад на концентрација, фокус, промена во училишниот успех“– вели семејниот и системски психотерапевт Александра Величковиќ.

Да бидат во средина на конфликтот, да ги принудуваат да бираат страни, да се чуствуваат виновно за љубовта кон двајцата родители – несовесното однесување на мајката и таткото создава негативни последици за децата и ги тера разводот да го гледаат како загуба на своето семејство. Траумата се надминува со постојана комуникација, пораката што треба да ја испратат родителите е дека иако партнерството меѓу нив завршува, сепак ќе бидат тука за своите деца и ќе ги сакаат целиот живот.

Реклама

„За намалување на негативните последици важно е да им се стави до знаење дека двајцата родители се присутни тука за нив, дека мама и тато продолжуваат да ги сакаат без разлика на тоа што децата ќе имаат два одделни дома, две семејства, затоа што семејството е систем кој се менува. Разводот е само една транзиција кон нов начин на функционирање. “– вели Величковиќ.

Инаку во Македонија бројките покажуваат дека во изминативе години зголемен е процентот на разводи, но и луѓето помалку избираат да влезат во брачна заедница. Во текот на 2025 година склучени се 10.507 бракови, што претставува намалување од 5,1 процент во споредба со претходната година. Во истиот период имало 2.185 разводи, или 8 проценти повеќе од 2024 година. Најмногу разводи има кај лицата од 35 до 39 години и по 5 до 9 години брак.