Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Петрушевски: Филипче не може ни да заличи на сериозна опозиција, очигледно специјалност му се само ексклузивните одмори и ширењето лаги и паника кај граѓаните

СДСМ и актуелното раководство никако да почнат барем малку да личат како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и актуелното раководство никако да почнат барем малку да личат како сериозна опозиција. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е заедно на Егејот со својот другар Зоран Заев, но влијае на оние кои ги остави тука, односно им дава насоки за ширење на дезинформации, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција.

Овој пат дезинформациите и лагите се од огромни размери, односно создадоа паника кај граѓаните на Скопје. Со последната лага дека водата во Скопје е небезбедна, Филипче и актуелното раководство на СДСМ си поиграа дури и со здравјето на граѓаните.

Надлежните институции веднаш реагираа, ја демантираа веста со факти, а Министерството за внатрешни работи започна истрага кој е креаторот на хаосот и паниката. Институциите се на потег за расчистување на случајот.

Реклама

За разлика од актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која се грижи за граѓаните од секој аспект, СДСМ на Заев и Филипче очигледно е дека прават само штети.

Ширењето на лаги и крерање на атмосфера на паника и хаос, како и одење на ексклузивни одмори се единствена работа која Филипче и актуелното раководство знаат да ја прават и тоа е нивна специјалност.

Филипче и СДСМ треба да прекинат со лагите кои во овој случај се и крајно сериозни. Час поскоро Филипче и СДСМ треба да сфатат дека овие нивни обиди за лаги и ширење паника им нанесуваат штета само на нив.