Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM закажа прес-конференција, истата ја презакажа, за денес целосно да ја откажат, бродот на СДСM тоне, а кормилар никаде нема

Има ли кормилар на бродот на СДСM што тоне? СДСM закажа прес-конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има ли кормилар на бродот на СДСM што тоне? СДСM закажа прес-конференција на Фани Каранфилова-Пановска пред зградата на МНР. Само 15 минути подоцна, истата прес-конференција ја презакажаа пред седиштето на СДСM, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За денес целосно да ја откажат.

Логично, по сето ова се поставуваат неколку прашања:

Реклама

Дали и Фани Каранфилова-Пановска е на одмор, исто како Венко Филипче на јахтата на Заев, па не може навреме да стигне на прес-конференцијата?

Можеби на граничниот премин Евзони има преголема гужва за влез во Македонија, па Фани не може да пристигне?

Дали, можеби, избувнал пожар во кујната за лаги на СДСM, па денешниот рецепт за нова тура дезинформации им бил неуспешен?

Или, можеби, нема никој во штабот на СДСM ни да ја отвори вратата?

Како и да е, едно е очигледно – бродот на СДСM тоне, а кормилар никаде нема.

Талогот во СДСM очигледно е на одмор, а се активира само кога треба да шири лаги, да создава хистерија и да ѝ нанесува штета на Македонија.