Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Прилози

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Паника, хистерија, хаос. Загаден изворот Рашче. Појава на ешерија коли во скопската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паника, хистерија, хаос. Загаден изворот Рашче. Појава на ешерија коли во скопската вода, западно нилска треска е новиот ковид, кампови и населување на мигранти. Македонските граѓани подолг период се мета на лажни вести кои создаваат паника, но случајот со водата во Скопје ги мина сиет граници. Според многумина, сето ова наликува на таканаречена хибридна војна која некој ја води во Македонија. ваквото чуство на несигурност, паника, веројтано треба да кулминира со народен гнев кој би се излил на улица. Сценарио кое може да ќарат само опозициските партии кои не бираат средства за да си ги кренат рејтингот. Па така не поминува ден, а опозициската СДСМ да не свикува прес-конференции, на кои идниректно шири паника за секакви теми. Нивни функционери даваат изјави, бараа одговорност од функционери па дури и оставки, но експертите велат дека во одговорно општество паниката треба да се смирува, а не да се подгрева.

„Сите субјекти во државата, особено оние што се државотворните субјекти, независно дали се политички партии, здруженија на граѓани, сите оние институции коишто се одговорни за даден сегментарен дел од сето она што сега го дискутираме, едноставно треба да се стават во функција на смирување на тензиите и за искажување или евентуално за потврдување на вистината во функција на тоа дека водата не е загадена и дека таа е добра за консумирање. Јас не верувам дека некој сака да направи зло за нашиот општо простор, меѓутоа сепак тоа може да се сведе и на одредено делување од надвор, што значи дека сепак треба малку повеќе внимателно да се истражува, не само на оние евентуално она што во случајот партијата дека има одредени лица коишто ги ширеле тие дезинформации, туку многу е важен изворот на самата дезинформација, иако многу тешко се потврдуваат дефинитивно“, вели професорот Злате Димовски, од факултетот за безбедност.

Според Димовски, дел од овие појави личат на хибридни закани и специјална војна, но дел од нив не можат да се сврстат во иста тема. Најдобар пример за хибридна војна претставува последната паника која се рашири во главниот град. Загадена е скопската вода. Помалите маркети ги испразнија залихите на флаширана вода, додека пак граѓаните масовно ширеа лажни пораки. Димовски не верува дека некој сака да направи намерно зло и вели дека тоа може да се сведе и на одредено делување од надвор, што значи дека сепак треба малку повеќе внимателно да се истражува.

Реклама

„Но сепак да се види како се тие шерирани, како се пренесувани до јавноста и кој е практично изворот на сето тоа, затоа што ако се работи за надворешен фактор, тогаш ќе имаме сосема поинаква слика, а ако се работи за внатрешен фактор, тогаш би имале исто така поинаква слика, меѓутоа многу појасни мотиви зошто тоа се прави, затоа што сепак кај кривичното дело тероризам дефинитивно се цени самиот мотив што сакале тие да постигнат, а не крајно колку го постигнале целиот тој ефект, додаде Димовски.

Димовски додава дека ако се гледа елементот на она што беше кажано дека сето тоа е терористичко делување, треба законски да се казни. Според кривичниот законик тие што ширеле дезинформации можат да одговараат исто како да сториле кривично дело тероризам.