Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Што ќе славиме? „Која независност?, „Колку проблеми имаме, уште до славење ни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што ќе славиме? „Која независност?, „Колку проблеми имаме, уште до славење ни е“. „Како може да славиме кога не чини ова, не чини она “. Годинава, во отсуство на некои поголеми скандали и проблеми, се почесто можат да се забележат вакви коментари и текстови на луѓе кои без некоја причина им смета прославата на 35 годишнината од назависноста на Македонија.

Веројатно потикнати и од црната кампања на СДСМ, која почна од критиките за спотот, па се до тоа кои пејачи биле застапени на концертите, се обидуваат да го минимизираат историскиот повод – Добивањето на незвисна и суверена држава, после векови и векови борба. Дел од аналитичарите во ваквите коментари и во црната опозициска кампања препознаваат обид да го кренат нивниот низок рејтинг и неосоновано да ја обвинат власта .

„Идејата на овој начин да се поткрене урнисаниот рејјтинг, идејата и изведбата е страшно лоша. Историските личности и настани им припаѓаат на оние што ги сакаат. Во годината има 52 недели можеме да ги потрошиме за критики, но ако одлучиме две недели да го одбележиме значаен јубилеј, тогаш не би требало критиката да пшочива на идејата како што тврдат СДСМ они биле држатворна и они имаат тапија на независноста. Тоа ене  така, мојата генерација знаеше што се случува, вели Бранко Героски, колумнист и политички аналитичар.

Реклама

Македонија има проблеми. Корупција, несредени улици, незавршени патишта, немодернизирани институции. За цели 35 години во државата имало проблеми, падови и грешки. Не само Македонија, ниту една држава во светот не е совршена. Но, прославата за независноста не е за тоа што Македонија се уште не го направила, туку е славење на историски момент. Ако не славимеи не се радуваме, тоа е знак дека ние не сме зрели како нација, а не како држава.

„Може да се критикува изведба сценариотп но таа критика не смее да го помати чувството на луѓето да го слават она што сме го постигнале пред 35 години, она што е изгласано на референдумот, имаме право да бидеем горди. Иразуваме непочит омаложување тоа не е добро за една нација, вели Бранко Героски, колумнист и политички аналитичар.

По повод 35 години суверена држава, за првпат беше направено јубилејно видео во кое нема партиски ознаки и пропаганден материјал. Во него се величат, спортски и културни настани и личности коип ридонеле за успехот на Македонија. Сепак СДСМ му најде маана и си го прешиша успехот за самостојноста и суверинитетот на државата. За нив, само тие воделе државотворни политики. Глатко заборавија на приватизацијата, територијалната поделба, Преспанскиот договор и добрососедскиот договорор со Бугарија. Нивни политики и државни одлуки од кои граѓаните се уште ги чувствуваат негативните последици.