Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Учениците кои не го положија испитот во јуни, тие што го пропуштија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Учениците кои не го положија испитот во јуни, тие што го пропуштија, но и тие кои беа фатени со мобилни телефони, или пак се успаа во јунската сесија, денеска и во петок имаат втора шанса да полагаат матурски испит кој ќе значи билет за упис на факултет. Над 1400 ученици повторно седнаа на испитните клупи на факултетите и амфитеатрите низ државата. И овој пат испитите минаа во најдобар ред и без никакви пречки.

„За оваа испитна сесија се пријавени 1460 ученици, од кои што 1326 се пријавени за државна матура, 126 за државна стручна матура и шест се пријавени за уметничка матура“, изјави директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска Михајловска.

Денеска учениците полагаат англиски јазик или математика во зависност од нивниот избор. На 14 август, во петок се полага мајчин јазик кој е задолжителен. Според матурантите тестот бил полесен од очекуваното и тие одговориле на прашањата без никакви потешкотии.

Реклама

За се да биде регуларно, процесот го следеа 300 тестатори и по четири до пет набљудувачи на секојa локација, што е значително помал број во споредба со јунската сесија.

„Полагањето помина во најдобар ред, учениците беа навремено дојдени и се помина по протокол. Ќе видиме како ќе помина на крај со резултатите“, изјави Дејан Давчевски, тестатор.

Инаку во јуни, од вкупно 14.587 пријавени ученици, 12.184 беа пријавени за државна матура, 2.276 за државна стручна, а 127 за државна уметничка матура. Надлежните очекуваат и овој пат целиот процес да заврши во фер и регуларна атмосфера. Резултатите може да се очекуваат веќе наредниот месец во септември. За илјадници ученици токму овие испити ќе бидат првиот чекор кон студентските клупи или пак пазарот на трудот.