Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Петрушевски: Левица да престане со лекции за морал и да каже што направила за Македонија

Очигледно во Левица ги заболела метафората „талог“, употребена од Драган Ковачки, повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очигледно во Левица ги заболела метафората „талог“, употребена од Драган Ковачки, повеќе отколку луѓето од врхушката на СДСM на кои се однесуваше, па веднаш се впуштија во нивна одбрана, објави на Фејсбук, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ама кога веќе решиле да делат лекции за тоа кој што работел пред да влезе во политика, ајде да ја примениме нивната логика и кај нив.

По истата логика, нивниот лидер Апасиев, пред да стане пратеник, што работел?

Реклама

Професор на државен универзитет и стручен соработник во криминалното СЈО.

И толку.

Или можеби Левица има некоја скриена биографија во која Апасиев, пред да стане пратеник, мешал малтер, нижел тутун, работел на шалтер или истоварувал камиони, па ја немаат објавено?

Не може Левица да глуми морален арбитер за „талог“, а истовремено да заборава дека нивниот политички врв е составен од луѓе кои кариерата ја градат во политиката и во државните институции, а не со мотика, лопата или во приватниот сектор.

Човекот се мери по тоа што направил, за што се залагал и каква трага оставил зад себе.

А Драган Ковачки, покрај Воената академија, се дошколувал на Командно-штабна академија во Хрватска и на Кралскиот колеџ за одбранбени студии во Лондон.

Бил припадник на специјалната единица „Волци“, учесник во конфликтот во 2001 година и во повеќе меѓународни мисии.

Тоа е биографија!

Затоа, „другари“ од Левица, пред да делите лекции за тоа кој што направил и кој колку вреди, може прво да одговорите на едно едноставно прашање:

Што направивте вие за Македонија, освен гол популизам, ширење вулгарен речник и омраза, и блокирање на развојни процеси, а на сметка на големите привилегии што ги уживате и дебелите државни плати и хонорари што ги наплаќате од граѓаните?