Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

МЕП: Македонија на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова ја предводи државната делегација на деветтиот Самит…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова ја предводи државната делегација на деветтиот Самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), кој се одржува во Даблин, Ирска. Во составот на делегацијата се и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Како што информираат од Министерството за европски прашања, на агендата на Самитот се европската конкурентност, со акцент на иновациите, поврзаноста и достапните цени на енергијата, како и безбедноста и одбраната на демократска Европа. Со Самитот копретседаваат претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и премиерот на Ирска Михол Мартин.

За Македонија, како што посочуваат од МЕП, Самитот е можност за дијалог со европските партнери за заедничката безбедност, економската поврзаност и интеграцијата во Европската Унија (ЕУ).

Реклама

– Спроведувањето на реформите и напредокот кон членство во ЕУ, врз основа на заслуги, остануваат приоритет на земјата. Постепената интеграција во единствениот европски пазар може да им отвори нови пазари на компаниите и да им донесе конкретни придобивки на граѓаните пред полноправното членство – велат од Министерството за европски прашања.