Реклама

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Прилози

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

По две недели пекол и екстремно високи температури, Македонија се подготвува за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По две недели пекол и екстремно високи температури, Македонија се подготвува за нов нагол пресврт. Прогнозите и мерењата од Управата за Хидрометеоролошки работи покажуваат дека граѓаните треба да се подготват за ново невреме. Најавите за пониски температури, дожд, силен ветер и грмежи ќе значат и мало освежување. Метеоролозите велат дека ова се должи на навлегувањето на посвежа воздушна маса од североисток, која го прекинува долгото топло струење и на тој начин се создаваат услови за нестабилно време.

„Ова е убав знак за моќта на атмосферата будејки во Русија имаме циклон а крајот се прошири кон нас и го задржа струењето од север кое го имавме поради топлата маса долго време над европа и нејзиното спуштање на некој начин беше сопрено и спуштено по на запад, Нам ни е значајно бидејќи ни донесе свежина“– вели метеорологот Борис Секирарски.

И покрај бурите, екстремните температури, африкански бранови, сепак просечните температури за овој период не покажуваат значително отстапување од претходните години. Експертите за временските услови велат дека ваквите промени во летните месеци се вообичаени.

Реклама

„Овој период имавме подолготраен топлотен бран. Тоа е вообичаено, секогаш во август сме имале температури до 40 степен, ретко е да се надминат 40 степени, повторно ќе се покачат до сабота ќе преовладува ова свежо време но потоа пак ќе дојдат високите температури, па ќе ја губат својата сила. Во целина не е необичен месецот ако споредиме со претходните години. “– вели Секирарски.

Според податоците на УХМР температурите ќе бидат за неколку степени пониски во однос на претходните денови. И покрај тоа, велат дека денот ќе остане релативно топол, со максимални температури кои во зависност од регионот ќе се движат од 30 до 37 степени. Иако временската слика ќе биде топла и со сончеви периоди надлежните предупредуваат дека условите во одделни делови од земјата може брзо да се променат.