Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Здравство

Целосна дигитализација на здравствениот систем: Хартијата останува само резервно решение

Упати, рецепти, медицински извештаи, резултати и дијагнози се што е на хратија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Упати, рецепти, медицински извештаи, резултати и дијагнози се што е на хратија наскоро ќе замине во историјата. Сите здравствени податоци кои досега беа на документи ќе се чуваат на исто место, односно, дигитално и централизирано – ова се предвидува со новите законски измени за евиденциите на здравството каде секој пациент во Македонија ќе има електронски картон. Тоа значи дека во секој момент од било каде, дали преку компјутер или мобилен, секој кој има потреба да си види резултати од анализи или да си ја види терапијата рецепти ќе може тоа да го направи со својот матичен број или здравствена електронска книшка. Лекарите исто така ќе имаат поголем увид во историјата на пациентот. Со оваа реформа здравствените власти очекуваат побрз пристап до информации, помалку административни процедури и поефикасна здравствена услуга.

“Нашата цел е здравствените податоци да се водат модерно, безбедно и поврзано, со што ќе се подобри и квалитетот на здравствените услуги за пациентите. Со ова законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“, појасни Алиу.

И додека здравството полека но сигурно се дигитализира, се прават и други покрупни чекори за подобри и поедноствни здравствени услуги. Со спојувањето на државната кардиологија и кардиохирургија се очекува поголем број интервенции и помалку административни пречки за пациентите.

Реклама

“Бидејќи овие две клиники се и физички во една зграда и процедурите сегде во светот се влегуваш и излегуваш, а не мора да шеташ од една во друга клиника, за пациенти коишто имаат ваков тип на здравствени проблеми. Затоа почнавме од овие две клиники, но нема да завршиме тука. Да видиме прво кои ќе бидат предизвиците на спојувањето на двете клиники и ова ни е според нас најлесно спојување на двете клиники, затоа почнуваме од кај нив“, изјави Алиу.

Во однос, на дефицитот на анестезиолози на оваа Клиника министерот вели дека се преговара со повеќе специјалисти од странство да доаѓаат тука. Но тоа според него не е трајно решение. Како дополнителна мерка, се подготвува план специјализацијата по анестезија и реанимација да се скрати – од сегашните шест на четири години, со цел побрзо да се создаде нов кадар.