Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Здравство

Бројот на заболени од овчи сипаници во пораст

Овчи сипаници – најчесто регистрирано акутно заболување во месец декември минатата година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Овчи сипаници – најчесто регистрирано акутно заболување во месец декември минатата година се овчите сипаници или познати како варицела. Вкупно има 1.025 лица, што стои во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје.

„Овие бројки се сериозен показател за состојбата со заразните заболувања во земјата. Порастот на овчите сипаници, како и зголемената бројка на сексуално и крвно преносливи инфекции, бараат засилени превентивни мерки“, велат од ИЈЗ.

Во споредба со истиот период минатата година, бројот на пријавени случаи пораснал за 4,6%, а во однос на десетгодишниот просек, порастот изнесува 8%.

Реклама

„Овој тренд укажува на потребата од редовна вакцинација и зголемена јавна свест за рано препознавање и превенција“, одлучни се од Институтот.

Во месец декември евидентирани се и 6 случаи на Ковид-19. Но, ова не е реална бројка бидејќи граѓаните не се тестираат и често сами се лекуваат. Забележани се 7 случаи со сифилис, 6 со вирусен хепатит Б, 5 со вирусен хепатит Ц и 4 со инфекција со хламидија.

Од ретките заболувања има 4 случаи на голема кашлица и 2 на заразни заушки.
Еден случај на СИДА завршил со смрт.