Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Бизнис

Ампева: На граѓаните им треба плата за живот, а не покачување на минимална плата

Плата за живот, наместо минимална. Во овој правец треба да се размислува,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Плата за живот, наместо минимална. Во овој правец треба да се размислува, доколку сакаме социјална правда во државата, алармираат од штипското здружение „Гласен текстилец„. Со овој концепт работникот, нема да работи само за да преживее, туку и да заштеди нешто.

    „Платата за живот, е нешто што треба да дозволи нормална храна, односно да не гледаме што е најевтино и неквалитетно, туку да биде нормално. Зборуваме за храна, сметки, јавен превоз, купување на облека и обувки, меѓутоа да имаме и процент од платата што ќе оди за заштеда. На пример, кога ќе ти се расипе машината за алишта, да не трчаш по кредит во банка, туку да си земеш од заштедата„ изјави Кристина Ампева,од Здружението „Гласен текстилец„.

Во плата за живот освен здравство, култура, образование, комунални услуги,се калкулираат и трошоците што едно четиричлено семејство ќе ги има за еднаш во годината си дозволи  и еднонеделен одмор. Анализите  говорат дека платата за живот, треба да биде за 20 до 30% повисока од минималната, а овој процент зависи од степенот на инфлација во државата.

Реклама

„Мислам дека овде не е само грижата на стопанствениците, туку и на самата власт, на самата држава. Односно ако по Устав сме социјална држава, самата држава треба да го гледа доходот и да види дали на пример Кристина, има плата за живот заедно со платата на сопругот. Тогаш државата треба да виде како може да ја пополни таа дупка и семејството да издржи„ изјави Кристина Ампева, од Здружението Гласен текстилец.

Истражувањата на штипското здружение говорат дека Турска и Полска се земјите кои најмногу се приближуваат до платата за живот.

Александра Ристевска