Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Василевска: Пресудите од Стразбур за македонското малцинство во Бугарија остануваат горливо прашање

Иванка Василевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иванка Василевска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на една од националните телевизии, меѓу другото, зборуваше и за случувањата во Советот на Европа, како и дискусиите и укажувањата кои се однесуваат на барањата за почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, од страна на источниот сосед – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние ја отвораме темата и дискутираме и укажуваме дека, дури и лани кога тие практично затворија едно поглавје во Советот на Европа, остана укажувањето дека мора да се внимава и на исполнување на обврските од Судот во Стразбур во однос на регистрацијата на ОМО „Илинден“-Пирин“, кажа Василевска и додаде:

„Ние во јануари оваа година го затворивме пост-мониторингот ние сме повторно пред нив, во однос на исполнување на критериумите, а тие ќе треба до прва да го завршат овој процес и тоа мора да го направат“.

Реклама

За однесувањата и постапувањата околу барањата за почитување на пресудите на Стразбур, од страна на источниот сосед Василевска рече: „Како ќе постапат по тоа прашање ќе суди историјата. Тоа е навистина горливо прашање за Македонците коишто живеат во Бугарија. А Стразбур ќе суди правично, таму не може некој да биде фаворизиран само поради тоа што има повеќе пријатели од некој друг. Едноставно и ОМО „Илинден“-Пирин се под постојан мониторинг, и нашата мисија во Стразбур, како и сите релевантни фактори, во Советот на Европа ја следат внимателно работата“.

На крајот, пратеничката Василевска посочи дека фокусот на владејачкото мнозинство и понатаму останува испораката во делот на Реформската агенда и завршување на домашните задачи.

„Она што повеќе би сакала лично да го видам јас, и моите колеги од владејачкото мнозинство тоа е повеќе работа на планот на правото, правната држава, реформите во правосудниот систем, да видиме квалитетно високо образование, квалитетни институции, достапен здравствен систем за македонските граѓани, тоа се прашањата коишто ги интересира највеќе Европската Унија. И за да бидеме навистина дел од овој организам ние мораме тие домашни задачи да ги завршиме“, децидна е Василевска.