Реклама

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Амандманска расправа за измените на предлог-законите за животна средина и за административни службеници

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за транспорт, дигитална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина, во второ читање. Основни цели на Предлог-законот за животната средина е транспонирање на Директивата 2014/52/ЕУ со што ќе се зајакне квалитетот на постапката за оценка на влијание врз животната средина односно ќе се осигури дека заштитата на животната средина е подобрена, ефективноста на ресурсите е зголемена и одржливито развој е подржан.

Со овој закон, според образложението, се врши усогласување со Директивата 2014/52/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 16 април 2014 година, со која се изменува Директивата 2011/92/ЕУ за оцена на влијанието од одредени јавни и приватни проекти врз животната средина (CELEX бр.32014L0052). За овој Предлог-закон поднесени се осум амандмани од пратеникот на Левица, Сашко Јанчев.

Реклама

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка. Предложените измени се со цел да обезбедат појасна, единствена, ефикасна и правно сигурна примена на прописите, уредувајќи го статусот на службениците во Службата на Собранието и регулаторните тела на исто ниво со другите посебни државни службеници.

Со предложениот закон, исто така, се укинува можноста за унапредување на административните службеници без објавување интерен оглас, со што се обезбедува еднаков пристап и примена на мерит-системот.

-Дополнително, се врши јасно разграничување на овластувањата за застапување на Агенцијата во управните и судските постапки, се прецизира запирањето и роковите за доставување акти, а постапката се поедноставува преку отстранување на преклопувањата, единствено  со подзаконско уредување и транспарентно објавување на конечните резултати. Со овој предлог-закон се воведува јасна правна последица со која на административниот службеник, кој две години последователно ќе биде оценет со оценка „1 – не задоволува“, му престанува работниот однос по сила на закон. Се овозможува поекономично спроведување на постапките без неоправдано одолговлекување (со задржување на правото на жалба) и целосно се уредуваат дисциплинската и материјалната одговорност. Предлог-законот овозможува усогласено уредување на правото на плата и преку други посебни закони за одредени категории службеници, додека примената на членот 80 се одложува до 1 јануари 2028 година. Со предложените изменувања и дополнувања на Законот се врши усогласување со Законот за високи раководители и Законот за Собранието на Македонија – се вели во образложението за Предлог-законот објавено на собраниската веб-страница.

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници се предлага усогласување на класификацијата на работните места и системот на плати со предложеното издвојување на државниот секретар од нивото А1. За овој Предлог-закон поднесени се два амандмана од пратеничката на НСДП, Соња Мираковска, и еден од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Измените и дополнувањата на Законот за административни службеници, по скратена постапка, ќе бидат разгледани и на собраниската Законодавно-правна комисија.